Барате нешто специфично?
Дали знаевте?

Што претставува Movember?

Сигурно до сега сте слушнале за Movember – бркастиот ноевмри, непрофитабилен проект кој има за цел собирање на средства за лечење на ракот, така што мажите цел ноември би ги пуштале брковите кои на крајот на месецот ќе ги избричат на бркаста журка. Фактот дека Movember стана меѓународен феномен е еднакво на спектакуларен кога ќе ја земеме предвид историјата на оваа децениски стара традиција.


Movember започнал некаде околу 2003-тата година во Австралија: CEO-то Адам Гарон објаснил во една емисија “Започнавме да разговараме за модата во 70-тите, како се повторно се враќа во мода. После неколку пива помисливме.. “А што е со брковите?” Зошто тие не се враќаат во мода? Каде исчезнаа брковите? Тогаш си зададовме цел да ги вратиме брковите во мода.”

 

Правилата на Movember се:

Морате потполно да ја избричите брадата на 1-ви ноември.

  1. pufies-movember_1

Во текот на ноември морате да ги пуштате и негувате вашите бркови.

  1. pufies_movember_2

Само бркови, не бради или брадички. *Секако, бркови од млеко се прифаќаат.

  1. pufies_movember_3

Морате да се носите џентлменски цел месец.

  1. pufies_movember_4

На почетокот движењето наишло на неколку препреки и првата година забележала скромен успех. Потоа основачите добиле идеја стратешки да го осмислат покретот и инспирирани од жените во нивното окружување и нивната борба за подигнување на свеста за ракот на дојката, одлучиле да направат нешто слично за подигнување на свеста кај машката популација.

Идејата е да се подигне свеста кај луѓето, да се едуцираат за ракот и да пробаат нешто ново и забавно со своите бркови во насока на позитивна цел. Кога движењето се проширило во светот, наишло на голем скептицизам. Кога Movember за прв пат се одржал во Америка, во 2007 година, бил поприлично незабележителен и сведен на неколку пазари. Само мал број на луѓе знаеле за една од најголемите и најуспешните австралиски хуманитарни акции во корист на здравјето на мажите.

Конечно, Movember е денес една од најуспешните кампањи во борбата против ракот на простата и ракот на тестисите, и е финансиран од различни иницијативи за здравјето на машката популација. До денешен ден, оваа кампања собрала преку 550 милиони долари од 21 држава и вовела иновација во медицинското истражување и најразлични програми за пациенти. И замислете, сето тоа почнало само како разговор за бркови во Австралија.

И? Како Вие и Вашето дете можете да учествувате? Земајќи предвид дека пуштањето на бркови не е возможно, можете да ги охрабрите Вашите посилни половини овој месец да го направат годишниот преглед кај нивниот доктор.

 

Погледнете ја нејзината приказна

Мамичке, ајде да си играме!

Со доаѓањето на зимата поголем дел од времето го поминуваме дома. Но, нашите деца секогаш сакаат да имаат некаква занимација. Еве неколку начини како...
Дознајте повеќе...

Првиот Божиќ на моето бебе

Од сите празници кои ги прославуваме во текот на годината, Божиќ е најидеален за прославување во кругот на семејството заедно со нашите најблиски. Новиот...
Дознајте повеќе...

Бејби, надвор е смрзнувачка

Кога зимата ни е на прагот, секогаш си го поставуваме истото прашање “дали морам да излезам надвор или не?”. Ве прашавме Вас, Pufies мамички,...
Дознајте повеќе...

Забавувај се како бебе

Дружење уште од првите деновиПовеќето од вас, Pufies мајки, споделивте со нас дека е добро за бебето да слуша музика. Некои од вас дури...
Дознајте повеќе...