Барате нешто специфично?
Игри и Активности

Мамичке, ајде да си играме!

Со доаѓањето на зимата поголем дел од времето го поминуваме дома. Но, нашите деца секогаш сакаат да имаат некаква занимација. Еве неколку начини како да се забавувате дома.



a11. Земете картонски кутии и креирајте! Ослободете ја Вашата имагинација. Кутијата може да се претвори во било што: воз, скокалница за автомобилчиња, авион, куќа.

 

 

 

0d722e6c18b2df2c96dd5db4a014b9ca0d37eef931ba9426dcpimgpsh_fullsize_distr2. Обложете ја вратата со леплива трака, направете топчиња од стари весници и памук и обидете си да ги залепите на врата. Одлична моторичка вежба во домот.

 

 

 

 

 

 

a3_ver23.  Смесата за пудинг може да биде одлична домашна активност за активирање на сетилата, која малечките ќе ја обожаваат. Помешајте ја смесата со малку вода во чинијата и само пуштете ги да се забавуваат. Можете да додадете и боја за храна доколку сакате. Би било пожелно да им облечете стара маичка или додатно да ги заштитите со пешкир. Постои голема можност дека ќе настане хаос.

 

 

a44. Куглање во домот! Земете топка и наместете неколку предмети кои ќе имитираат кегли. Можете да користите пластични шишиња, картончиња од тоалетната хартија, можете дури и цела ролна! И тоа е тоа, стаза за куглање само за Вас и Вашите деца.

 

 

 

 

 

 

a55. Направете ланче, во детски стил!Земете парче коноп (најдобро е да земете врвки од патики поради тврдите завршетоци) и нешто за да нижете на него.
Одлично би било да имате големи монистри, но и други работи како што се цефки или макарони. Ова е исто така една прекрасна моторичка активност.

 

 

 

 

 

 

 

a26. Згужвајте стари весници во форма на топка и направете журка со фрлање на топки!
Одредете некој предмет кој ќе ја претставува целта и вежбајте го броењето на погодоци. Уште една добра моторичка активност.

 

 

 

 

 

 

 

a7_ver27. Еве една леплива, но чиста активностза развивање на сетилата! Истиснете малце гел за коса во зип кесичка и затворете ја. Додадете уште неколку предмети за да биде позабавно. Само набљудувајте го Вашето малечко како се обидува да ги дофати клизавите предмети.

 

 

 

 

 

 

 

a88. Со креп трака или селотејп исцртајте најразлични шари (цик цак, прави и криви) и нека Вашето малечко се обиде да чекори право по нив одржувајќи рамнотежа.
Можат да се движат напред, а како би било да пробаат и наназад? Уште една фантастична моторичка активност која можете да ја испробате дома.

 

 

 

 

 

 

a99. Вашите малечки можат да ставаат топчиња во мало пластично шише, или направете дупка во картонска кутија.
Топчињата и другите ситни предмети можат да помогнат во моторичките вежби, но секогаш морате да бидете претпазливи со ситни делчиња кај мали деца.

 

 

 

 

 

 

a1010. Замена за пластелин (иако и тоа е супер, забавно е понекогаш да го замените со нешто) е облак тесто.

Текстурата е одлична и децата ќе уживаат истражувајќи. Плус, едноставно се прави!
Само додадете една шолја беби уље во осум шолји брашно и оставете го Вашето дете да ужива!

 

 

 

 

 

Пишете ни во коментарите која е Вашата омилена домашна активност!

Погледнете ја нејзината приказна

Што претставува Movember?

Сигурно до сега сте слушнале за Movember – бркастиот ноевмри, непрофитабилен проект кој има за цел собирање на средства за лечење на ракот, така...
Дознајте повеќе...

Првиот Божиќ на моето бебе

Од сите празници кои ги прославуваме во текот на годината, Божиќ е најидеален за прославување во кругот на семејството заедно со нашите најблиски. Новиот...
Дознајте повеќе...

Бејби, надвор е смрзнувачка

Кога зимата ни е на прагот, секогаш си го поставуваме истото прашање “дали морам да излезам надвор или не?”. Ве прашавме Вас, Pufies мамички,...
Дознајте повеќе...

Забавувај се како бебе

Дружење уште од првите деновиПовеќето од вас, Pufies мајки, споделивте со нас дека е добро за бебето да слуша музика. Некои од вас дури...
Дознајте повеќе...