Барате нешто специфично?
Наши најдобри совети

Првиот Божиќ на моето бебе

Од сите празници кои ги прославуваме во текот на годината, Божиќ е најидеален за прославување во кругот на семејството заедно со нашите најблиски. Новиот член на семејството најчесто не ја разбира сета таа збрка околу празниците, но сигурно е фасциниран од светилките и блескавите играчки на Божиќното дрвце. Сепак, првиот Бадник може да биде многу посебен за бебето и

понатаму може да се втемели емотивна врска со празникот и семејните вредности. Еве неколку активности кои можете да ги практикувате со своето бебенце, припремајќи се за неговиот прв Божиќ.

Традиција

photo

Традицијата е темел кој го прави секој празник незаборавен. Можете да ги евоцирате своите детски спомени или да смислите нешто ново, започнувајќи го првиот Божиќ со традиција која подоцна и Вие и бебето многу ќе ја сакате. На пример, немојте да ги ставате подароците под елката, сокријте ги некаде или облечете го “грозниот” Божиќен џемпер и фотографирајте се со семејството.

 

 

Направете Божиќна капсула

 

time_capsule

Купете убава украсна кутија или некој друг предмет кој се преклопува во кој ќе можете да ги ставите спомените од првиот Божиќ на бебето (како што се: празнична честитка, украсна хартија или машната од нивното прво подароче, фотографии од Божиќ). Можете дури и да ги вклучите спомените од самиот почеток на годината (прамен од бебешкото косиче или неговите први чевлички). Потоа обележете ја кутијата со тековната година и спакувајте ја на сигурно место. Кога Вашето бебе ќе биде доволно големо за да разбере, ќе можете заедно да поминете низ сите заеднички моменти од неговиот прв Божиќ.

 

 

 

Декорирајте го бебешкото катче

 

decorate

Посебно внимание посветете на бебешката соба или просторот околу креветчето. Наместете бели светилки или закачете ги на плафонот така што надоле ќе паѓаат снегулки направени од хартија. Има многу празнични, зимски мотиви кои може да се одберат. Само бидете сигури дека секоја декорација ќе биде безбедно поставена надвор од домет на бебешкото раче.

 

 

Направете празнична честитка од бебешката дланка

 

card

Тренд е да се направи честитка од отисокот на бебешките стапалки или дланки. Креативен начин ова да се искористи е да направите Божиќна честитка која можете да ја испратите на членовите на семејството. Се што треба да направите е да ги обоите во весели празнични бои стапалките или дланките на бебенцето и да ги втиснете на картонска позадина и готово! Имате спремна Божиќна честитка која што самите ја направивте. Дедовците и бабите ќе бидат пресреќни кога ќе добијат една таква честитка!

П.С. Обавезно користете нетоксични бои на база на вода, како што се темперните бои. За да бидете целосно сигурно дека се ќе биде како што треба, направете тест на кожата – намачкајте малку боја на бебешката кожа, оставете неколку минути да отстои, а потоа исплакнете со сапун. Почекајте 24 часа: доколку нема никаква реакција, тогаш е се во ред.

Направете фото албум

album

Ова е првиот Божиќ на Вашето малечко! Сигурно не сакате да го испуштите првиот израз на лицето додека го отвараат својот прв Божиќен подарок, се до првото играње во снегот. Затоа направете што е можно повеќе фотографии и креирајте сопствен албум – постојат многу апликации кои можете да ги искористите. Дури можете и да ги развиете фотографиите како што правевме порано и да ги наредите во вистински фото албум. Така ќе бидете сигурни дека ќе останат засекогаш со Вас.

Погледнете ја нејзината приказна

Што претставува Movember?

Сигурно до сега сте слушнале за Movember – бркастиот ноевмри, непрофитабилен проект кој има за цел собирање на средства за лечење на ракот, така...
Дознајте повеќе...

Мамичке, ајде да си играме!

Со доаѓањето на зимата поголем дел од времето го поминуваме дома. Но, нашите деца секогаш сакаат да имаат некаква занимација. Еве неколку начини како...
Дознајте повеќе...

Бејби, надвор е смрзнувачка

Кога зимата ни е на прагот, секогаш си го поставуваме истото прашање “дали морам да излезам надвор или не?”. Ве прашавме Вас, Pufies мамички,...
Дознајте повеќе...

Забавувај се како бебе

Дружење уште од првите деновиПовеќето од вас, Pufies мајки, споделивте со нас дека е добро за бебето да слуша музика. Некои од вас дури...
Дознајте повеќе...